Стравични детали излегуваат на виделина по убиството на 70-годишниот Зоран С. од Јагодина во Србија што го извршил 19-годишник од Параќин. Телото на убиениот старец било пронајдено во неговиот стан, а веднаш потоа е уапсен тинејџерот кој му се јавил на својот пријател и му кажал што направил, а тој веднаш повикал полиција.
Постои сомнение дека старецот го запознал младиот човек преку социјалните мрежи и дека го поканил во неговиот стан на секс состанок, а потоа осомничениот го претепал до смрт и го избодел, пренесуваат српските медиуми.
Грозоморното убиство се случило во средата во попладневните часови, во станот на жртвата, во јагодинската населба Сарана место, во кафеана пренаменета во станбена зона.
– Полицијата го пронашла телото на Зоран С. во страшна состојба. Старецот лежел гол среде собата, а неговото тело имало бројни хематоми од удари со шипка и летва, а гркланот му бил пресечен. Немаше сомнеж дека се работи за страшно злосторство и дека старецот е брутално убиен во неговиот стан – вели извор близок до истрагата, пренесува поратлот Ало!.
Сосека на жртвата во изјава за Ало! открива дека старецот редовно носел млади момчиња во станот.
– Па тој имаше стотина, ама буквално… нон-стоп му доаѓаа. Се менуваа како на лента! Сите до еден беа исклучително млади и ситни. Меѓутоа, овој млад човек кој е осомничен за убиство беше крупен и набилдан. Седеше пред куќата три часа додека траеше истрагата, можевме да го видиме. Цело време имаше качулка на главата – вели нашиот сог
Друг сосед рече дека од станот на Зоран често се слушала врева.
– Кога ќе дојдеше некое од тие момчиња кај него, по некое време се слуша врева! Еднаш слушнав дека не сакал да му ги врати работите на овој човек кога се соблекол. Можно е тоа да довело до злосторството – вели изворот.
Според сведоштвото на соседите, набрзо по инцидентот, од станот на убиениот со лисици на рацете бил изнесен 19-годишникот од Параќин, кој е обвинет за убиството на Зоран.
– Она што е уште пошокантно е што полицијата во станот го нашла и осомничен млад човек. Тој, наводно по злосторството му се јавил на пријателот и му признал што направил. Пријателот веднаш повикал полиција, а осомничениот тинејџер ја чекал полицијата во станот.