More

    Вонредна состојба во Хараре: Десетици луѓе починаа поради епидемија на колера

    spot_img

    Зимбабве прогласи вонредна состојба во главниот град на земјата Хараре поради епидемија на колера, објави градоначалникот, пренесува Би-би-си.

    Поради епидемијата досега починаа десетици луѓе, додека повеќе од 7.000 се заразени.

    Властите сега бараат помош за да се спречи ширењето и да се обезбеди безбедна вода, велејќи дека помошта што моментално се добива е несоодветна.

    Според Меѓународниот Црвен крст, болниците се борат да го задржат големиот број примени по избувнувањето на епидемијата.

    Недостигаат здравствени работници за справување со случаите, како и недостиг на материјали за запирање на ширењето на заразата.Во четвртокот Министерството за здравство соопшти дека во земјава се регистрирани 7.398 случаи, 50 починале, а 109 лица се примен на болничко лекување.

    Во исто време, министерот за здравство го посети најпогоденото подрачје од епидемијата и најави нови мерки за борба против колерата, вклучително и отстранување на уличните продавачи на храна и транспорт на безбедна вода со цистерни до населението.

    Црвениот крст соопшти дека инфекцијата се шири брзо, зафаќајќи 45 од 62 области во земјата и сите 10 провинции.

    Се очекува епидемијата да се случи и во соседните земји.Соседните земји, вклучувајќи ги Малави, Јужна Африка и Мозамбик, во минатото често беа погодени од колера.

    Колерата, акутна дијареална инфекција, е предизвикана од консумирање храна или вода загадена со бактеријата Vibrio cholerae.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img