На денешен ден во 2019 година, во Вухан беше откриен првиот случај на инфекција со коронавирус.
Според медиумските извештаи за необјавени податоци од кинеската влада, првиот случај на некој заразен со коронавирус бил откриен на 17 ноември 2019 година.
Во извештајот објавен во South China Morning Post, се наведува дека кинеските власти го идентификувале најраниот случај на коронавирус на 17 ноември 2019 година, неколку недели пред властите да го објават присуството на новиот вирус.
Кинеската влада беше силно критикувана за обидот да се прикрие епидемијата во раните недели, што вклучуваше репресии на лекарите кои се обидоа да ги предупредат колегите за нов вирус сличен на Сарс што се појави во градот Вухан во провинцијата Хубеи.
Информациите добиени од Пост велат дека 55-годишен маж од провинцијата Хубеи би можел да биде првиот човек што ќе биде заразен со коронавирус.
Околу еден месец по тој датум, секој ден се пријавувале по еден до пет нови случаи, се вели во извештајот, а до 20 декември истата година биле потврдени 60 случаи, пренесува The Guardian.