Ние сме мала држава, но голема по производство на вино, се пофали Кoвачевски

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонските, српските, албанските и црногорските винарии се рамо до рамо со врвните светски вински производители. Тоа е мегдан за наша промоција, за вмрежување и за отворање нови пазари. Преку оваа иницијатива ја покажавме и функционалната соработка помеѓу нашите стопански комори, ја покажавме соработката помеѓу нашите држави, ја покажавме соработката помеѓу нашите граѓани и компании и заедно направивме подобар резултат. Винските патишта на нашите држави стануваат светска дестинација.

Ова вечерва го истакна премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на вториот меѓународен саем за храна, вино и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, што се одржува во Белград.

Ковачевски, како што јави известувачот на МИА од Белград, истакна дека годинава преку овој саем на вино се создаваат силни врски кои, како што рече, значат стимул за нашите економии.

– Овозможивме на граничните премини да функционираат зелени ленти за брз проток на транспортните камиони од трите земји. Во функција е и заедничкиот систем за електронска наплата на патарини без застанување. Се реализираа повеќе соработки од областа на туризмот и културата, а следува и отстранување на работните дозволи меѓу државите членки. На овој начин градиме добрососедски односи и доверба како пријателски држави, но и заеднички чекориме по европскиот пат и тоа го направивме сами без некој друг да дојде да ни каже, како да го направиме, и на кој начин да го направиме, нагласи Ковачевски.

Според него, преку иницијативата „Отворен Балкан“ заедничкото претставување и промоција на македонскиот и балканскиот вински и туристички квалитет ги отвораме патиштата за нашите компании до врвното меѓународно винско и гастрономско поднебје. Со организацијата, учеството на ваквите саеми даваме значаен придонес кон процесите на создавање на единствен пазар помеѓу земјите од Западен Балкан, а со тоа полесно приклучување до европскиот пазар.

Преку инцијативата „Отворен Балкан“, како што рече, имаме и видливи резултати кои се гледаат преку бројки.

– За 25 проценти ја зголемивме размената и трговијата помеѓу Северна Македонија, Албанија и Србија.  Размената со Србија надмина 1,1 милијарда евра што е најголемо ниво на трговска размена во последните 17 годни помеѓу двете држави. Само минатата година размената со Албанија е зголемена за 40 проценти, со Србија за 50 проценти. Преку зголемувањето на соработката имаат бенефит и компаниите и граѓаните и државите и целото опкружување, подвлече Ковачевски.

Овој саем на вино, како што нагласи, не е само обична саемска манифестација, туку можност за нашите компании и нашите професионалци да покажат дека со здружени сили ние сме вистински партнер за развој на нашите економии и зацврстување на економската соработка во регионот.

- Advertisement -
Ad image

– Јас доаѓам од мала држава по број на жители и по територија, меѓутоа доаѓам од голема држава во производство на вино. Северна Македонија е втора земја извозник на вино во регионот и 29-та земја извозник на вино во светот. Нашиот капацитет за производство на вино изнесува 1,72 милиони хектолитри, коишто е двапати поголем од вкупното производство на вино во моментов.  Податок кој ни дава мотив и поттик за понатамошно зголемување на производството, рече Ковачевски.

Според премиерот Ковачевски, со мерки, законски решенија и финансиска поддршка,  ние сме на вистинскиот пат тоа и да го оствариме.

– Саемите како овој се исто така и можност за наш развој, за зголемување на продажбата, за развој на компаниите меѓутоа и за промоција на квалитетот којшто го нудиме од нашите држави, потенцира Ковачевски.

- Advertisement -
Ad image

На отворањето на семот се обратија и претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, а преку видео порака се обрати и премиерот на Албанија Еди Рама. Се обрати и претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж.

Според Милатовиќ, Балканот е најубав кога е отворен. – Сметам дека ваквиот начин на соработка е најубав, рече тој.

Премиерот на Албанија Рама во видео обраќање рече дека со ваквиот саем се прави нешто позитивно во свет полн со болка и трагедија.

– Даваме порака за подобра иднина. Нашата иднина моа да биде многу поинаква од нашето минато и од сегашноста. Се надевам дека секој од нас го чувствува тоа, посочи Рама. Додаде дека целта е да се направи хармонично соседство без граници. Да се обидеме, потенцира, да не ги повториме грешките од минатото, туку времето што ни е дадено да го претвориме во среќна иднина за генерациите што доаѓаат.

Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека е многу направено за само една година и додаде дека му е мило што повеќе од половина од излагачите на саемот се од земјите од „Отворен Балкан“.  – Од Србија се 260, од Северна Македонија 74 што процентуално според број на жители е најмногу и 21 од Албанија, рече Вучиќ.

Нагласи дека „Отворен Балкан“ претставува афирмирана платформа на мирот, а Западен Балкан е пазар од 20 милиони.

– Србија не е традиционално винска земја, но се трансформира во тоа. Најмногу грозје увезуваме од Северна Македонија и од него нашите енолози прават убави вина, рече Вучиќ. За македонските винарии рече дека се одлични и дека доаѓаат од земја која има винска историја.

Саемот се одржува под покровителство на Владите на Србија, Албанија и Северна Македонија, а во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

На саемот за вино годинава има над 600 изложувачи, бројни винарии, дестилерии, гастрономски компании од повеќе од 28 земји.

Share This Article