More

    За доверителите понудата е прифатлива, останува да се изјасни судот

    spot_img

    Поранешната управна зграда на Еуростандард банка најверојатно наскоро ќе добие нов сопственик. В петок одборот на доверители на Еуростандард банка повторно ќе одлучува по повод третата јавна лицитација, и ќе гласа за брза продажба на зградата на Еуростандард банка, во надеж дека брзо потоа ќе почне и обештетувањето на сите доверители.

    – На последното собрание на доверители на Еуростандард банка одржано на 15.09.2023 по повод третата јавна лицитација, 88,1% доверителите биле eдногласни дека е потребна брза продажба на деловната зграда на Еуростандард банка. На тој став бил и Фондот за осигурување депозити како најголем доверител на Еуростандард банка и институција која има право на средствата од нејзината стечајна маса, како и Стопанската комора, како и останатите 20 најголеми доверители – изјави правниот застапник на еден од доверителите.

    Мнозинството доверители со соопштение деновиве се изјаснија дека последната понуда од 5,4 милиони евра е прифатлива и дека е дојдено конечно време да се затвори ова прашање. Ова очекување е реално, а се поткрепува и со одлуката на Апелациониот суд да ја прифати жалбата на еден од доверителите, поврзана со одлуката на стечајната судијка за поништување на лицитацијата, а по добиената препорака од стечајниот управник за повторна процена на вредноста на зградата, а со тоа и за одолговлекување на целиот процес. Апелациониот суд донесе одлука дека стечајната судијка постапила спротивно на мнозинските интереси, и на деловникот за работа, и дека гласањето треба да се спроведе.

    Стечајниот судија, и стечајниот управник овојпат треба да го поддржат мнозинството, одлуките на институциите и да ја потврдат продажбата, за да по 3 години, конечно доверителите да бидат обесштетени.

    Пантелеон Г.С. победи на наддавањето на третата по ред електронска аукција за овој деловен простор, со понудени 5,4 милиони евра. Сега понудата треба да биде прифатена од собранието на доверители, а од прибраните пари да се обесштетат доверителите на пропадната банка.

    Станува збор за реномирана и респектабилна брзо растечка македонска аутсорсинг компанија која работи за компании на американскиот пазар. Компанија која има амбициозни планови за раст и развој, и која во најскоро време сака и да го удвои бројот на вработени кој во моментов брои над 110 талентирани професионалци од различни области.

    Предходно реномираната и интернационална ревизорската куќа РСМ Македонија објектот го процени на 5,3 милиони евра. Канцеларискиот простор е 1.977 м2, додека 1.512 м2 се под земја наменети за трезор, архива, помошни простории и 20 паркинг места. Објектот има вкупна површина од 3.489 квадратни метри, не се продава парцијално туку целосно.

    Доброупатените во случајов велат дека ова е последена шанса за продажба на зградата, бидејќи ако не се изгласа сега, ќе следи распределба на зградата на удели на преку 3.000 доверители, физички и правни лица, што автоматски значи дека идната продажба на зградата ќе биде практично невозможна. Управната зграда ќе продолжи да ја намалува својата вредност и ќе пропаѓа. Во таков случај, освен доверителите, во загуба ќе биде и државата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img