More

    Израелскиот претседател кажува едно, Бајден друго

    spot_img

    Израелскиот претседател Исак Херцог смета дека Израел не смее да остави „вакуум“ во Појасот Газа. Тој за „Фајненшл Тајмс“ вели дека израелските сили ќе мора да го одржат военото присуство таму.

    – Ако се повлечеме, тогаш кој ќе ја преземе областа? Не можеме да оставиме вакуум. Никој нема да сака Газа повторно да стане терористичка база – изјавил тој велејќи дека се разгледуваат варијанти.

    Спротивно на ова, американскиот претседател Џо Бајден во средата изјави дека му ставил до знаење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека решението со две држави е единствениот одговор за решавање на израелско-палестинскиот конфликт и дека окупацијата на Газа би била „голема грешка“.

    Според израелскиот претседател Херцог, пак, неговата земја ги почитува своите сојузници и „многу внимателно“ го слуша Вашингтон, но, вели тој, „на крајот на денот имаме должност да го заштитиме нашиот народ“.

    Херцог исто така изјави дека прв приоритет на Израел е да ослободи околу 240 заложници кои ги држеше Хамас во Појасот Газа.

    Тој додаде дека Израел работи на олеснување на испораката на поголема хуманитарна помош за Појасот Газа.

    На прашањето за израелските воени активности околу болниците во Газа, Херцог нагласи дека тие се спроведуваат „на многу, многу внимателен начин“ и дека Израел сака да ги заштити цивилите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img