На 77-годишна возраст денеска почина актерот Мето Јовановски. Жалната вест на социјалните мрежи ја пренесе неговиот помлад колега Драган Спасов-Дац.
„Мето Јовановски се пресели во легендите. Нека му е вечна слава“, напиша Дац на Фејсбук.
„Тетовирање“, „Опстанок“, „Среќна Нова 49-та“, „Трето полувреме“, „Најдолгиот пат“, „Опстанок“… се само дел од филмските проекти во кои Мето Јовановски играше главна улога.
Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите.
Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакна како еден од водечките драмски уметници во Македонија.