More

    Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци од 13 февруари 2019 година, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени би можело да биде вратено од почеток

    spot_img

    Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци од 13 февруари 2019 година, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени би можело да биде вратено од почеток, поради изборот за апелациски судија на судијката Александра Ристеска.

    На прашањето на МИА што ќе се случи со предметите по кои постапуваат судиите од Кривичен кои вчера беа избрани за судии во Апелацискиот суд Скопје, како што се „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“, од Судскиот совет велат дека постои можност за нивно делегирање.

    – Одлуката за изборот на новите апелациски судии не е правосилна и можно е да бидат доставени и приговори. Дотогаш си работат на предметите, а доколку не се завршат до правосилноста, Судскиот совет има можност да ги делегира – велат од Судскиот совет за МИА.

    Судскиот совет вчера избра осум нови судии во Апелацискиот суд Скопје, меѓу кои судијката Александра Ристеска која е дел од Судечкиот совет за предметот „Ласкарци“ и судијата Осман Шабани кој ги води предметите „Титаник“, „Талир“ и случајот за тнр. Велешка група.

    Случајот „Ласкарци“ беше отворен во 2019 година, но поради потребата од супервештачење процесот се оддолжи речиси една година и се наоѓа на крајот од доказната постапка. Овој предмет сега би можел да биде вратен од почеток поради изборот на Ристеска за апелационен судија.

    Предметот кој се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, „Талир“ е отворен 2019 година и се наоѓа во доказна постапка, исто, како и повторената постапка за случајот „Титаник“, кој започна во 2018 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img