More

    Шест мигранти од Ирак биле откриени во камион при контрола од Царинската управа на граничниот премин „Богородица“

    spot_img

    Шест мигранти од Ирак биле откриени во камион при контрола од Царинската управа на граничниот премин „Богородица“. Мигрантите биле откриени во камион со грчки регистарски таблички, товарен со 23 тони компот од праски и управуван од грчки државјанин.

    Инспектори од Одделението за оперативни работи при детален преглед на возилото забележале дека има преправки на надворешната фабричка конструкција на камионот, која овозможува вадење на сајлата и отворање на церадата без да се оштети царинската пломба.

    Со отворањето на церадата, додаваат од Царинската управа, во товарниот дел меѓу стоката која се превезувала, откриени се шесте мигранти.

    Стоката, вкупно 23 тони компот од праски, влекачот и полуприколката, со вкупна вредност од 2,3 милиони денари, привремено се одземени. До Основниот суд во Гевгелија поднесени се и соодветни прекршочни постапки поради прекршување на член 267 и 269 од Царинскиот закон. Шесте мигранти се предадени на Министерството за внатрешни работи “, се вели во соопштението од Царинската управа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img