Конфликтот на Блискиот Исток се заканува да го наруши снабдувањето со нафта, но и да ја зголеми цената на барелот на 120 долари следната година, предвидуваат светските експерти.
Рејтинг агенцијата „Фич“ ја промени претходната прогноза за цената на нафтата и сега предвидува дека цената ќе достигне и 120 долари по барел.
– Нашето сценарио претпоставува дека, поради ограничувањата во понудата, цените на нафтата просечни 120 долари за барел во 2024 година и 100 долари за барел во 2025 година – се додава.
Тоа велат од агенцијта ќе влијае на забавување на растот на светскиот БДП за 0,4 процентни поени следната година.
Претходната прогноза на „Фич“ беше дека нафтата во просек ќе лини 75 долари за барел во 2024 година и 70 долари во 2025 година. Сепак, конфликтот на Блискиот Исток го промени сето тоа.
Повисоките цени на нафтата, според агенцијата ќе доведат и до повисоки стапки на инфлацијата, што како што велат оттаму ќе има краткотрајно и делумно влијание на очекувањата на стапката на инфлација цо 2025 година.
-Шокот на цената на нафтата поврзан со конфликтот на Блискиот Исток може да биде придружен со заострени финансиски услови, пониска деловна и потрошувачка доверба, како и корекции на финансиските пазари- велат експертите на „Фич“.