На 15.11.2023 во 15.45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода В.Н.(37) од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава течност и предмети со остатоци од кафеава течност, но и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.