Шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев дека Велика Британија ќе продолжи да дава воена поддршка за Украина.
Доаѓањето на Камерон во Киев е негово прво патување во странство откако беше назначен за министер за надворешни работи.
„Сакав ова да биде моја прва посета“, рече Камерон на средбата со Зеленски, соопшти Украинското претседателство.
„Ќе продолжиме да ви даваме морална, дипломатска, економска, но пред се воена поддршка што ви е потребна не само оваа година и следната година, туку се додека е потребно“, додаде Камерон.
Зеленски му се заблагодари на Камерон за неговата посета.
„Ви благодариме што дојдовте, ова е многу важно. „Светот не е фокусиран на ситуацијата на бојното поле во Украина (…) поради кризата на Блискиот Исток“, рече тој.
На средбата со британската делегација станало збор за „доставување оружје до линијата на фронтот, зајакнување на воздушната одбрана, заштита на украинското население и основната инфраструктура“, рече Зеленски.