More

    Актерот скокнал од прозорецот за да се спаси

    spot_img

    Мигел Херан, ѕвездата на серијата „La Casa de Papel“ се спасил од пожар со скок низ прозорец од својот дом.

    Актерот на Инстаграм објавил снимка од пламенот кој му го проголтува станот, а за да се спаси, морал да скокне од прозорецот од спалната соба.

    Имено, пожарот избувнал во текот на ноќта во неговата куќа во Авила во Шпанија и му го уништил домот. Шпанскиот актер, кој е најпознат по улогата на Рио во серијата на Нетфликс, плаче на видеото и извикува: „Не ми се верува“.

    Иако пожарникарите брзо го изгаснале пожарот, Мигел открил дека во пожарот бил уништен голем дел од неговиот дом, како и речиси сите негови лични работи.

    Мигел за локалните медиуми изјавил: „Пожарот ме зафати додека спиев и се разбудив од звукот на мојата куќа како гори. Избегав низ прозорецот од мојата соба“.

    Авила е град кој се наоѓа северозападно од главниот град Мадрид, на околу 100 километри. Засега не е јасно што го предизвикало пожарот во станот на младиот актер.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img