More

    Османи: До последниот здив, до последниот камен којшто е пред нас, работиме да ги направиме уставните измени

    spot_img

    До последниот здив, до последниот камен којшто е пред нас, работиме да ги направиме уставните измени, изјави денеска македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи.

    – Но, ако не успееме, ќе треба со име и презиме да ги кажеме тие што ја загрозуваат европската иднина, што го кочат просперитетот на оваа држава, реформите, владеењето на правото, што го кочат стандардот на граѓаните и ги тераат да заминат надвор од Северна Македонија. Тие луѓе со име и презиме ќе треба да бидат спомнувани во јавноста – изјави Османи на новинарско прашање дали може и официјално да кажеме дека земјава нема да го исполни барањето за уставни измени и дека во декември ќе нема да може да преминеме во втората фаза од преговорите со ЕУ, отворање на поглавјата.

    – Усвојувањето на уставните измени е единствена домашна задача која нѐ дели од забрзаната евроинтеграција, која сѐ повеќе станува императив за самата Европска Унија во дадениот геополитички момент – рече Османи и додаде дека не може од сега да каже дека ја пропуштаме шансата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img