Израелската армија (ИДФ) денеска ја крена во воздух и комплетно ја разурна зградата на парламентот во Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.
Во видеа, објавени на социјалните мрежи, се прикажува моментот на експлозијата.
ИДФ во текот на вчерашниот ден соопшти дека се заземени голем број владини згради на Хамас во градот Газа, вклучувајќи го парламентот, владиниот комплекс и полицискиот штаб.