More

    Полицијата изврши претрес и заплени оружје и муниција

    spot_img

    Маж на возраст од 41 година, од ресенското село Штрбово, бил приведен, а 76-годишен битолчанец бил повикан на разговор во полициска станица, откако полицијата кај нив пронашла оружје и муниција.

    -Полициски службеници од СВР Битола, со судски наредби, извршија претреси на повеќе локации во Ресен и Битола, поради сомнение за сторени кривични дела по член 396 од Кривичниот законик. При претрес во домот на К.Р.(41) во с. Штрбово, ресенско, биле пронајдени три пушки, три пиштоли различен калибар и поголемо количество на муниција, исто така, различен калибар. Тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица – информираат од МВР.

    Во импровизирана работилница во Битола, сопственост на битолчанецот Б.Г.(76), биле пронајдени шест пушки (две ловечки, три воздушни и една импровизирана) и поголема количина на различни делови за оружје. Тој бил повикан на службен разговор во полициска станица.

    – По целосно расчистување и документирање на настаните против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави – соопштуваат од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img