More

    Исланд во апокалиптична состојба и тензично исчекување на големата експлозија

    spot_img

    Исланд, една од вулкански најактивните земји во светот, прогласи вонредна состојба поради најновата закана од ерупција. Друг проблем со кој се соочува Исланд се пукнатините во земјата.

    Околу 4.000 луѓе се евакуирани од своите домови во Гриндавик, кој е најзагрозен поради неговата непосредна близина до вулканот Фаградалсфјал на полуостровот Рејкјанес. Во наредните денови сеизмолозите очекуваат силна ерупција на овој вулкан.

    Состојбата во Гриндавик наликува на вистинска апокалипса: кратери го растргнуваат градот, земјата ви исчезнува под нозете, асфалтот се топи одвнатре.

     

    По речиси илјада земјотреси, земјата се распукнува и се загрева од под земјината кора, а долж автопатиштата се отворија огромни пукнатини долги и по 15 километри.

    Веќе седум дена Исланд е сеизмички хиперактивна област, а жителите секојдневно чувствуваат по неколку стотици потреси. Популарната туристичка Сина лагуна е затворена од петокот.

    Целиот остров е во тензично исчекување бидејќи експертите велат дека земјотресите кои со денови татнеат под површината се најава за голема вулканска ерупција, која може да се случи „во секој момент“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img