More

    Првопласираниот судија Лазар Нанев не го помина новиот систем на бирање

    spot_img

    Судскиот совет денеска ги избра Габриела Гајдова, Александра Ристевска, Весна Димишкова и Осман Шабани за судии од кривична област во Апелацискиот суд Скопје.

    Со тоа, Судскиот совет го екипираше Апелациониот суд Скопје со вкупно осум нови судии, откако претходно на денешната седница, избра и четворица судии од граѓанската област – судиите Александар Шопов, Ирена Костадинова Ангелова, Наталија Донева и Илир Сулејмани.

    Ова е прв избор за второстепен суд спроведен врз основа на методологијата, изработена согласно новиот закон за Судски совет.

    Прворангираниот судија на конечната ранг листа за судии од кривична област, судијата Лазар Нанев, од Основниот суд Кавадарци, не беше избран за апелационен судија бидејќи доби 4 гласа за и 8 гласа против од членовите на Судскиот совет.

    Весна Дамева рече дека нема да гласа за овој судија, иако е прворангиран на листата, бидејќи во изминатиот период се нашол во многу ситуации кои не се докрај расчистени.

    Судијката Весна Димишкова, од Кривичниот суд Скопје, како 11-рангирана доби 11 гласа за и еден против и беше избрана за судија во Апелациониот суд Скопје.

    На огласот за осум позиции во Апелациониот суд имало вкупно 45 кандидати, од кои 21 кандидат за четири судии за граѓанска област и 24 кандидати за четири судии од кривична област.

    Претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев нагласи дека ова е прво оценување согласно новата методологија, појаснувајќи дека процесот е сочинет од два дела при што едниот дел го спроведува Судскиот совет по однос на постигнатите резултати како квантитет по број на решени и укинати предмети, а другиот го спроведуваат самите судови.

    Долгиот временски перидот потребен на Судскиот совет за избор на судии во повисок суд, беше посочен и во Извештајот на Европската комисија.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img