More

    500 службеници бесни на Бајден – „Барај итен прекин во Газа!“

    spot_img

    Повеќе од 500 политички назначени лица и членови на персоналот од околу 40 владини агенции во вторникот испратија протестно писмо до претседателот Бајден. Тие протестираат против неговата поддршка на Израел во војната во Газа, а незадоволството расте, пишува Њујорк Тајмс.

    „Го повикуваме претседателот Бајден итно да побара прекин на огнот и да повика на деескалација на сегашниот конфликт со обезбедување итно ослободување на израелските заложници и произволно приведени Палестинци, враќање на водата, горивото, електричната енергија и другите основни услуги и испраќање на соодветна хуманитарна помош за Појасот Газа“, се наведува во писмото.

    „Огромното мнозинство Американци поддржуваат прекин на огнот“, се наведува во писмото кое се повикува на анкета во САД направена во октомври.

    „Понатаму, Американците не сакаат американската војска да биде вовлечена во уште една скапа и бесмислена војна на Блискиот Исток“, се додава.

    Некои од потписниците му помогнаа на Бајден да биде избран во 2020 година, дознава Њујорк Тајмс. Двајца политички назначени лица кои помогнале да се организира писмото до Бајден изјавиле дека мнозинството од потписниците се од различни вери кои работат низ владата, од Националниот совет за безбедност па сѐ до ФБИ и до Министерството за правда.

    Ова всушност е последното од неколкуте протестни писма од официјални претставници од администрацијата на Бајден. Службениците испратили и три белешки до државниот секретар Антони Блинкен, а повеќе од 1.000 од нив потпишале отворено писмо испратено до Агенцијата за меѓународен развој на САД.

    Иако администрацијата на Бајден неодамна почна да изразува загриженост за големиот број на убиени палестински цивили, апелирајќи до Израел да покаже воздржаност, ова критикување се чини дека ги смири страстите во американската влада.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img