Италијанскиот фудбалски гигант Милан ќе биде без францускиот напаѓач Оливие Жиру во следните два натпревари во Серија А, кој е суспендиран поради исклучувањето на натпреварот против Лече во сабота.
Жиру доби жолт картон во судиското надополнување на натпреварот кој заврши 2-2 поради жалење до судијата, а бидејќи не престана да се жали и после тоа, веднаш беше исклучен поради „навреда на судијата“.
Французинот во Милан дојде во 2021 година од Челзи за 3 милиони евра, а во изминатиот период стана еден од најдобрите фудбалери на Милан.
Сезонава одигра 11 натпревари за Милан, постигна 7 гола и забележа 3 асистенции.
Во својата кариера настапуваше и за Гренобл, Истрес, Турс, Монпеље и Арсенал.