More

    Замрзнатите цени на овошје и зеленчук ќе важат и во декември

    spot_img

    Замрзнатите цени на овошје и зеленчук ќе важат и во декември, одлучи денеска Владата.

    Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со којашто се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во вкупен износ до 10% и во вкупен износ до 15% во трговијата на мало.

    Согласно денешната владина одлука, вака утврдената највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, наместо до 30 ноември, ќе се применува до 31 декември 2023 година.

    Со претходната владина одлука цените беа замрзнати до 30 ноември.

    Министерството за економија предложи да се забрани да се нуди акциска и промотивна продажба во сите синџири на трговци во државата до 30 ноември. Тоа според министерот за економија Крешник Бектеши ќе доведе до линеарно намалување на цените за минимум 10 отсто.

    – Сите анализи покажуваат дека нема основ за зголемување на цените на основните прехранбени производи и од страна на трговците, но и од страна на производителите, имајќи го предвид намалувањето на цените на светските берзи – рече Бектеши во септември.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img