More

    Арсовска го обвини Славески дека фалсификувал потписи, тој најави тужба

    spot_img

    Тензична атмосфера се створи денеска на седницата на Советот на Град Скопје, откако градоначалничката Данела Арсовска го обвини претседателот на Советот Трајко Славески дека фалсификувал потписи и дека затоа советниците ги немаат добиено паушалите веќе 7 месеци.

    – Паушалите ги немате земено бидејќи постои сомневање дека вашиот претседател на Советот фалсификувал потписи. Ние, затоа што сакате да се заканувате со разни постапки, исто така ќе покренеме постапка, но ќе ви овозможиме да ги земете парите – рече Арсовска од говорницата.

    Таа посочи дека кривично ќе одговара оној кој му овозможил на друг да зема пари од градот Скопје со фалсификат.

    – Свесни сте, јасно ви е што се случува и мене ми е многу жал што после две години ниту еден одговорен политичар нема тука р’бет да каже: „Мене Мицко ме тера тоа и тоа да кажам, но меѓутоа нема да го кажувам“. Тој човек е ракот на ова општество, тоа што сега ни се случува е дело на „шпицниот градоначалник“ – рече Арсовска.

    На ова претседателот на Советот Трајко Славески побара збор и одговори на обвинувањата на Арсовска, а притоа ѝ посочи дека за тоа што го кажала ќе одговара пред суд.

    – Вие изнесовте тешко обвинување за фалсификат. Јас ги имам сите списоци и со знаење на сите тука, како и на службите, две дами, едната поради патолошка бременост, а другата болна од канцер, им беше овозможено во неколку седници да се вклучат онлајн. За да се евидентира нивното присуство, и покрај тоа што е онлајн, јас имам потпишано дека се присутни. Јас не може да го фалсификувам мојот потпис – ѝ одговори Славески на Арсовска.3

    Тој и порача на градоначалничката Арсовска дека поради овие обвинување ќе одговара.

    – Бидејќи ја отрувте атмосферата тука, којашто беше работна – ние не се согласуваме меѓу себе, а вие ја труете со политички говор – подобро да не дојдовте! Прогласувам пауза од 30 минути – рече Славески.

    Инаку, градоначалничката Арсовска во своето обраќање пред советниците рече дека од прв ден рекла дека ниту еден проект што е за доброто на граѓаните нема да се откаже.

    – Господа „мицковисти“ вие не можете никако да го разберете, вашиот „мицковизам“ е погубен! И за нашиот град и за нашата Македонија. Секој еден проект, за којшто ќе бидат отстранети проблемите, ќе биде реализиран. Сега „мицковизмот“ има некоја променета форма, а таа е напад на градоначалничката и на градската администрација – рече Арсовска.

    Градоначалничката им се обрати на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека „прво прават проблем, за потоа тоа да го потенцираат и потоа да изиграваат спасители кои го решиле проблемот“.

    – Како сакате 220 автобуси, кои се во јавниот превоз, да се заменат со нови 250, за коишто не гласате упорно? Таа програма вие ја носевте заедно со мене од врата на врата кај граѓаните. Секој еден „мицковист“ одеше со мене заедно и ги ветуваше сите овие работи и граѓаните од вас ќе ги бараат. Ќе ги бараат и од мене, а јас сликите со Мицкоски ќе ги вадам лично и персонално и да видат дека тој „шипицниот градоначалник“ ги ветувал пред граѓаните – истакна Арсовска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img