More

    Екстра засилување за македонскиот ракометен шампион

    spot_img

    Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски е новото екстра засилување за шампионот Еурофарм Пелистер во продолжение на сезоната. Кузмановски се враќа во Еурофарм Пелистер и во родната Битола по четири години поминати во германската Бундес лига каде настапуваше за екипите на Магдебург, Хановер и за Вецлар.

    Од Еурофарм Пелистер ја потврдија веста за ангажманот на Кузмановски, неколку часа откако Вецлар соопшти дека спогодбено ја прекинува соработката со македонскиот репрезентативец, а официјалното претставување на Кузмановски во дресот на Еурофарм Пелистер е најавено за 20 ноември.

    „Ни претставува особена чест и задоволство да ја информираме јавноста дека од денес нов член на Пелистер е македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Процесот на обединување на македонските репрезентативци и квалитетни странски засилувања продолжува и враќањето на нашиот поранешен член е одлука која оди во тој правец. Филип Кузмановски наскоро ќе му се стави на располагање на стручниот штаб и неговото деби се очекува деновиве во Суперлигата и во Лигата на шампионите. Официјалното претставување на Кузмановски како нов ракометар на Пелистер е закажано за понеделник 20 ноември“ – соопштија од Еурофарм Пелистер.

    Во следниот натпревар од Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер в четврток му гостува на Пик Сегед во Унгарија. Кузмановски ќе може да биде пријавен за настап веќе за следниот натпревар во Лигата на шампионите, дома исто така против Пик Сегед.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img