Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор на својот Инстаграм објави фотографија на која позира со Северин. Тој ја пречекал пејачката на аеродромот во Франкфурт и открил дека не ја пропуштил можноста да ја покани на својот подкаст.
„Синоќа на аеродромот во Франкфурт ја сретнав Северина, весела и насмеана како и секогаш. Ја поканив да биде гостин на мојот подкаст и сакам да верувам дека ќе биде на снимање на почетокот на следната година. Тоа би било прекрасно. Мислам дека е доста заинтересирана. Ах, убава“, напиша тој.
„Навистина си супер, честитки“, „Многу убава фотографија“ и „Запознавте исклучителна жена“, се дел од коментарите на неговите следбеници.