More

    Европа се спрема за најлошото можно сценарио

    spot_img

    Европа се надева дека ќе ја избегне драмата од минатата зима кога цените на нафтата, струјата и енергенсите нагло скокнаа. „Оваа година ЕУ е подобро подготвена – но сега втората војна, исто така, се заканува да ги расипе нејзините енергетски пазари“, пишува бриселски Политико во написот насловен „Европа се спрема за зима со две војни“.

    Цените оваа зима можат да ескалираат поради фактот што војната меѓу Израел и Хамас може да ги наруши односите меѓу Европа и Блискиот Исток. Исто така, Иран би можел да биде вовлечен во војната. „Кое било од тие сценарија може да предизвика хаос“, се вели во статијата.

    Кобната 1973-та

    Уште повеќе, пазарот досега го избегна кобното сценарио од 1973 година. Тогаш Јомкипурската војна меѓу Израел и соседните арапски држави направи ембарго на нафта на арапските сојузници кон земјите кои се сојузници на Израел.

    Тогаш ембаргото го предводеше Саудиска Арабија. Педесет години подоцна Обединетите Арапски Емирати и Бахреин го признаа Израел со Абрахамскиот договор од 2020 година, а Саудиска Арабија преговара за истото.

    Старите пријатели и новите непријатели

    Челниците на ЕУ прават сè за да спречат вакво сценарио. Кадри Симсон, еврокомесарката за енергетика вели дека претставници на Унијата се сретнале со „старите пријатели како Норвешка, така и со новите партнери како Алжир и Нигерија, за да ги надминат сите потенцијални нарушувања.

    – По разоткривањето на кризата во Газа, ние сме соочени со два конфликти во европското соседство. Источниот Медитеран е важен театар за европската енергетска безбедност, бидејќи енергетската транзиција на Европа сè уште е заплеткана во геополитички неизвесности – рече Симсон.

    Според неа ЕУ е подготвена за предизвикот. Засега, борбите во Газа и во северот на Израел само минимално ги потресоа нафтените пазари. Но, клучниот репер на суровата нафта Брент се намали за 4,2 отсто оваа недела на околу 81 долар за барел.

    Затоа, трговците се обложуваат дека сè додека конфликтот не се прошири, испораките на нафта ќе останат повеќе или помалку стабилни, рече Виктор Катона, водечки аналитичар за сурова нафта во енергетската разузнавачка компанија Кеплер.

    Спиралата Кина-Иран-Ормуски теснец

    Ризикот повеќе произлегува од Иран, рече тој. Во најлош случај, проширувањето на конфликтот може да предизвика Иран да го прекине транспортот од арапските земји од Персискиот залив преку Ормускиот Теснец. Иранската сурова нафта, иако е санкционирана од Западот, се извезува во големи количини во Кина.

    – Ако Израел почне да ја напаѓа иранската територија, а Иран како последица треба да извезува помалку, тогаш Кина нема да има доволно сурова нафта и ќе треба да купува од друго место, со што глобалните цени растат – рече Катона и додаде:

    – Тоа е цела спирала што веднаш се активира.

    Сите бегаат од ова сценарио „со теснец“

    Во меѓувреме Израел ја затвори славината за Египет во своето морско поле за гас Тамар. Тоа се случи неколку часа по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври. Оттогаш протокот е обновен, но со помали количини. Тоа изгледа како небитна, непосредна промена, но всушност Израел е клучен извозник за Египет со своите 21 милијарда кубни метри природен гас.

    Споредено со Русија, која е најголем извозник, тоа е малку – Русите извезуваат 618 милијарди кубни метри. Но, една третина од светскиот течен природен гас и една шестина од неговата нафта се испорачува преку Ормускиот теснец.

    Ако работите останат како што се, нема проблем, но ако дојде до војна каде што би бил вклучен Иран и Иран (ја блокира трговијата низ) теснецот Ормуз, тогаш цените сигурно ќе се зголемат – изјавил неименуван дипломат на ЕУ кој добро ја познава енергетската стратегија на Унијата.

    Сепак, „сите големи играчи сакаат да избегнат ескалација, Иран сака да го избегне ова“ поради заканата од санкции, инсистирал европратеникот.

    „Имаме топлински пумпи, а и најтопла зима е во историјата“

    Членките на ЕУ ја намалија употребата на природен гас за една петтина, според информациите од Европската комисија. Резервите на гас на блокот се полни повеќе од 99 отсто пред предвиденото. Па сепак, цените сè уште останаа тврдоглаво високи низ целиот континент во споредба со други места на планетата.

    Георг Захман од енергетскиот тинк-тенк „Бројгел“ уверува дека зимава Европа ќе има повеќе топлински пумпи и потсетува дека биле отворени повеќе терминали за течен гас.

    Истовремено, зимата не е она што беше. Оваа 2023 година е официјално најтопла во историјата, односно втора најтопла во Европа. Тоа, според статијата на Политико, сепак е добро само на краток рок. Сè до следната зима …

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img