Женско лице пред малку падна или скокна од терасата на Градскиот трговски центар (ГТЦ) и паднала пред влезот од страната на Плоштад Македонија, објави 24инфо.
Како што објави порталот, очевидци изјавиле дека жената се премислувала дали да скокне, па едно момче се обидело да ја фати пред да скокне, но не успеало.
Според истите информации жената е жива и има телесни повреди.