More

    Се урна балконот на Јулија на сред претстава во Унгарија, актерите се тешко повредени

    spot_img

    Балконот на Јулија се урна за време на изведбата на Ромео и Јулија во Унгарија, при што беа повредени двајца актери кои се во тешка, но стабилна состојба, објави денеска Би-Би-Си.

    Во инцидентот на претставата во Унгарскиот национален театар, повредени се актерите Јулија Сас која настапуваше во улогата на Јулија и Ото Лајош Хорват кој го играше нејзиниот татко. Двајцата актери итно биле пренесени во болница каде биле оперирани.

    фото: Принтскрин

     

    Директорот на Унгарскиот национален театар, Атила Виднињски, по инцидентот понуди оставка, но унгарскиот министер за култура Јанош Чак ја одби.

    Болничарите им пружија помош на двајцата актери откако паднаа зад сцената од подигната платформа за време на вториот чин на претставата во Будимпешта.

    Истрагата е во тек, а Јанош Чак изјави дека ќе ги чека наодите на истрагата пред да преземе дополнителни дејствија.

    Видњањски е директор на Националниот театар 10 години и е близок соработник на премиерот Виктор Орбан.

    Неговиот мандат требаше да заврши во 2023 година, но на почетокот на оваа година тој беше продолжен за уште пет години, односно до 2028 година.

    Чак и Видњањски ја посетија болницата во која се наоѓаат актерите и се сретнаа со лекарите. Унгарскиот министер за култура на Инстаграм објави дека состојбата на двајцата актери се подобрува и им посака брзо закрепнување.

    Шаш глумеше во голем број унгарски филмски продукции со голем буџет, а Хорват е познат по неговите настапи во унгарски филмови и телевизиски емисии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img