More

    Тинејџер во Германија во училиштето го убил својот другар по примерот на Коста К.

    spot_img

    Матеја З. 15-годишен тинејџер по потекло од Косово, пред три дена со пиштол го застрелал својот врсник Павлос (15) среде училница во германскиот град Офенбург. Според првичните сознанија тинејџеропт го извршил злосторството врз својот соученик следејќи го примерот на Коста К. кој во мај годинава изврши масакр во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“.

    Според германските медиуми, Матеја З. утрото од заклучениот плакар го извадил пиштолот од дедо му и отишол на училиште. Момчето првично планирало да ја запали својата жртва и истурило запалива течност среде училница, но неговата запалка откажала.
    Момчето Матеја З.(15),  ја следел веста за масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, јавуваат германските медиуми.

     

    По убиството во училиштето, се појавија ужасни детали од злосторството што ја шокираше Германија. Најшокантниот детал, според Билд, е тоа што Матеја првично планирал да ја запали својата жртва.
    Тој пред три дена во училницата со пиштол го застрелал својот врсник Павлос (15), кој неколку часа подоцна починал од здобиените повреди.

    Матеја, ученик во деветто одделение, утрото го зел пиштолот од дедо му од заклучениот плакар и отишол на училиште.
    Но, како што се испоставува, тој на почетокот имал поинаков план.
    „Офенбургер тагеблат“ наведува дека Матеја прво ја полил својата жртва со запалива течност среде училница и се обидел да ја запали, но запалката му откажала.

     

    При претресот полицијата во училиштето пронашла шише за кое постои сомневање дека имало запалива материја. Според информациите, мајката на Матеја во полиција рекла дека единствена запалива течност што ја имаат во куќата е маслото за греење во подрумот.

    Таа потврдила и дека пиштолот со кој Матеја го убил Павлос му припаѓал на дедото на момчето и дека бил заклучен.

    – Да, оружјето е од нашата куќа, за што сите сме одговорни, но пиштолот бил под клуч – рекла таа и додала дека нејзиниот син никогаш порано немал врска со оружје.

    Таа не можеше да каже кој би можел да биде мотивот за ова грозоморно злосторство.

    – Неодамна имаше пукање во училиште во Србија и тој ги следеше вестите. Тој, исто така, ги гледаше тие хорор сцени на ТикТок. Пред два месеци ми кажа дека видел на ТикТок како 14-годишно момче убило врсник во Лора на Мајна поради долг од 60 евра – се присети мајката на момчето убиец.
    Од полицијата, пак, наведуваат дека мотивот би можел да биде љубомора или врсничко насилство.

    Соучениците на убиениот Павлос изјавиле дека тој и Матеја биле вљубени во истото девојче, а мајката слушнала дека дошло до конфликт околу девојчето. Сепак, таа се сомнева дека тоа би можело да биде мотивот.

    – Од почетокот на учебната година беше прилично таинствен, речиси и не зборуваше. Сигурно нешто се случило на училиште. Дали има некаква уцена, некаков потсмев? Сето тоа се шпекулации – рече таа и додаде дека Павлос никогаш не му бил пријател.

    На крајот додала дека и било кажано дека може да го види дури на 22 ноември.

    – Не знам како ќе се снајде со сето ова – изјави на крајот мајката на Матеј.

    Полицијата им ги одзеде мобилните телефони и компјутерите и им изрече привремена забрана за контакт со синот кој е во притвор.

    – Жал ми е за момчето и за неговото семејство. Матеја е моето единствено дете – додаде мајката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img