More

    Јотова со провокативен говор кон Македонија

    spot_img

    Политичарите во Скопје не покажуваат ниту желба ниту консензус за заемна соработка. Северна Македонија не покажува знаци за запирање на јазикот на омразата кон Бугарија. Неприфатлива и недостојна е злобата кон сè бугарско, која расте и поминува неказнето и таа престана да биде билатерално прашање. Јазикот на омразата на Република Северна Македонија кон Бугарија сега е европско прашање – рече потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова.

    Јотова говореше на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ на свечената прослава на 100-годишнината од формирањето на Македонскиот научен институт, додека во Скопје во официјална посета се наоѓа претседателот на бугарското Собрание Росен Желјасков.

    Јотова се повика на „голем број случаи на омраза“ кон „македонските Бугари“ и нагласи дека „за Бугарија како европска земја на 21. век е неприфатливо да се толерираат систематски криминални дела и насилство врз Бугарите во Северна Македонија.

    – Под истава купола на Универзитетот во Софија, пред еден век, се собраа еминентни научници и јавни личности да го основаат Македонскиот научен институт за тој да ја проучува историјата, географијата, етнографијата и економскиот живот на Македонија, да собира историски материјали за ослободителните борби на македонските Бугари и да подготви систематска и детална историја на овие борби – истакна потпретседателката Јотова.

    Таа посочи дека во своето стогодишно искуство Институтот повеќепати дошол до заклучок дека не е во ред да се гради македонски идентитет на антибугарска основа.

    – Да ги поттикнеме раководството и соработниците на Институтот да продолжат да бараат свои истомисленици во Северна Македонија, бидејќи само заедно можеме да го искорениме јазикот на омразата, само на овој начин можеме да им помогнеме на нашите соседи на нивниот пат кон европското членство. Како модерна земја, Бугарија го поздравува рачистувањето со репутацијата на Балканот како центар на домашни и братоубиствени непријателства – рече таа.

    Јотова потсети дека шефот на државата Румен Радев во дијалогот со Македонија ја наметнал тезата за императивна промена на нејзиниот Устав заради гарантирање на правата на Бугарите, но кај соседот немало политичка волја за придвижување на промените.

    – Песимист сум дека ќе има напредок до крајот на годината. Брисел не ги прифаќа заткулисните обиди на Владата во Скопје да ја заобиколи заложбата да ги вклучи Бугарите како државотворна нација во северномакедонскиот Устав – оцени заменичката на Радев.

    Таа се осврна и на обидот за прогласување месец на македонско-американското културно наследство во државата Мичиген.

    – Дијаспората на Бугарите, Грците и Албанците реагираше на изјавата дека во САД живеат над половина милион Американци со македонско потекло. Прогласувањето беше прекинато – рече Јотова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img