More

    Џо Бајден: Болниците во Газа треба да бидат заштитени

    spot_img

    Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден изјави вечерва дека болниците во Појасот Газа треба да бидат заштитени, јавува Анадолија.

    Во друштво на американската прва дама Џил Бајден, Бајден присуствуваше на инаугурацијата на иницијатива за истражување поврзано со здравјето на жените во комплексот на Белата куќа, а во таа прилика на прашање на новинарите од Овалната соба ја коментираше ситуацијата во Појасот Газа и израелските напади врз болниците и здравствените центри таму.

    „Како што знаете, не бегам да ја изразам мојата загриженост за актуелните настани. Моите надежи и очекувања се дека ќе има помалку наметливи акции во однос на болниците и дека сме во контакт со Израелците“, рече Бајден.

    Бајден рече дека има надеж, но дека болниците треба да се заштитат.

    Под изговор дека палестинската група Хамас користи болнички комплекси, Израел со денови врши жестоки напади врз болницата Ал-Шифа во Газа, а Хамас ги отфрла овие израелски обвинувања.

    Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус претходно на социјалната мрежа Х напиша дека ситуацијата во болницата Ал-Шифа е катастрофална и дека има драматичен пораст на смртните случаи на пациенти. Тој изјави дека поради недостиг на вода, гориво, струја и лекови, таа болница повеќе не е во можност да дава болнички услуги.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img