Актерот Хенк Азарија се појави во неколку епизоди на култната серија „Пријатели“ како момчето на Фиби, Дејвид, а за време на снимањето на серијата особено се зближи со Метју Пери, кој го глумеше Чендлер. Сега изјави дека на погребот на Метју Пери имало многу солзи, но и смеа.
„Бев на погребот. Како што можете да претпоставите, беше тажно. Тој беше урнебесен човек, па и се смеевме и плачевме сеќавајќи се на него. Секој од нас изгуби некого. Него го загуби целиот свет. Некако дури е убаво што целиот свет споделува тоа чувство“, изјави Азарија за „Месиџер“.