Бербатов бербат го направи раководството на Фудбалската федерација на Бугарија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот легендарен голгетер Димитар Бербатов изрази огорченост поради случувањата во бугарскиот репрезентативен фудбал, жестоко критикувајќи го раководството на Фудбалската федерација на Бугарија (БФС).

„Мораме уште еднаш да обрнеме внимание на апсурдот кој го предизвика БФС. Можам да ги наречам сериски убијци. Тие долгорочно го уништуваат бугарскиот фудбал, сведоци сме на нивните постапки, го влечат нашиот фудбал кон дното, а сега предизвикуваат и ситуација ние навивачите да не можеме да ја гледаме нашата репрезентација“, изјави поранешниот бугарски репрезентативец и напаѓач на Тотенхем и Манчестер јунајтед.

Реакцијата на Бербатов доаѓа по одлуката на БФС, во координација со УЕФА, да го премести одигрувањето на претстојниот евроквалификациски натпревар против Унгарија од Софија во Пловдив поради стравување од можни навивачки инциденти.

Проблемот искрсна откако сопственикот на градежната компанијата која изведува реконструкциски работи на стадионот во Пловдив го предупреди градоначалникот дека работите на терен сè уште не се завршени и натпреварот не треба да се игра на таа локација.

БФС, пак, порача дека не постои алтернативно решение и натпреварот против Унгарија мора да се игра во Пловдив или, во спротивно, бугарската репрезентација ќе го загуби натпреварот со службен резултат, што многу веројатно не би била единствената казна од УЕФА.

„Во моментов се обидуваат да инсинуираат вина на градоначалникот на Пловдив, дека натпреварот мора да се игра на тој стадион, а ако не биде така, некој друг би бил виновен. Тие знаат дека не можат да ги отстранат причините поради кои сето ова се случува и единствено исправно е да поднесат оставки“, порача Бербатов.

Бугарија на две кола до крајот на квалификациите за ЕУРО 2024 е последнопласирана во групата во конкуренција со Србија, Унгарија, Црна Гора и Литванија.

Share This Article