На парцелата 32 на гробиштата во Виена, се наоѓа гробот на големиот Лудвиг ван Бетовен.
Но, на неколку метри до него почива големиот Тија од Србија.
Ако се суди според величината и помпезноста, покојниот Тија, извесен Милан Мијаиловиќ, е поголем и од Бетовен.
Тија си изградил гроб по кој сигурно ќе остане запаметен, но не само поради статуите на Богородица и по ангелите, по поплочениот пат и по саксиите со цвеќиња, како и по коњите лево и десно од столбовите. Ќе остане запаметен по тоа што неговиот гроб е речиси двојно поголем од споменикот посветен на Бетовен.
Милан Мијаиловиќ починал во 2022 година. Ако се суди по изрезбаниот портрет на покојникот, на кој тој весело наздравува со чаша и со насмевка на лицето, се чини дека Милан бил весељак. А и не бил скромен – на централното место на споменикот е фотографијата на парот Мијаиловиќ и зборовите „Тија, голем човек“.
Неговата сопруга Драгана, родена во 1949 година, е жива и редовно доаѓа овде да го чисти споменикот. Има работа…