More

    Незакажаните ќе се изначекаат за сликање

    spot_img

    Уште од првиот ден настанаа редици за сликање за нови лични документи во пунктот на МВР каде ќе може да се аплицира без закажување.

    Голем број граѓани ја наполнија салата на полициската станица „Пролет“ каде што е поставен пунктот за фотографирање за лични документи без закажување.

    Нашата екипа беше во обиколка на објектот, а од тоа што можевме да го забележиме таму, сѐ повеќе граѓани доаѓаа да ја искористат можноста да се фотографираат. Се плаќа исклучиво со картичка, а работното време е од 8 до 18 часот. Предвидено е фотографирање на сите кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка дозвола или патна исправа.

    МВР вчера преку соопштение информираше дека деновиве системот ќе биде тестиран, а јавноста навремено ќе биде известена за отпочнување на процесот со кој овозможуваат на граѓаните во определениот законски рок, 12 февруари 2024, да ја поминат задолжителната процедура.

    Пунктот доби поддршка од компанијата БРАКО која изработи 20 паравани.

    – Благодарност до општествено-одговорната компанија БРАКО, која излезе во пресрет на МВР и на граѓаните и за да се забрза процесот на подготовка на салата БРАКО изработи и донираше 20 паравани за фотографирање за лични документи – соопшти МВР.

    Личните документи со старото име на државата важат до 12 февруари 2024 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img