More

    АЛБАНСКАТА ОПОЗИЦИЈА СЕ ОБЕДИНИ ВО ЕДНА ПРАТЕНИЧКА ГРУПА

    spot_img

    Пратеници од партиите Демократско движење, Движењето Беса и Алтернатива кои се дел од коалицијата Европскиот сојуз за промени од денеска ќе делуваат во една пратеничка група, чиј координатор ќе биде пратеничката Сафије Садики Шаини.

    Во групата има шест пратеници и како што рече лидерот на Алтернатива Африм Гаши отворени се за сите кои сакаат да им се приклучат.

    – По формализирањето на коалицијата нашиот сојуз денеска одлучи да го сплоти пратениците во една пратеничка група. Во духот на одлуката на нашите партиски органи денеска поднесовме до претседателот на Собранието известување дека отсега ќе имаме заедничка пратеничка група – рече Гаши на прес-конференција во Собранието.
    На овој начин, истакна Гаши, Европскиот сојуз за промена цели да ги искористи сите можности што ги дава Собранието за делување на пратеничките групи.

    – Иако пратеничкиот мандат е при крај сметаме дека има многу отворени прашања и процеси повзрани со европската иднина на земјата за што Сојузот е сериозно заинтерсиран да помогне – наведе Гаши.

    Тој апелираше претседателот на Собранието Џафери, како што рече, да не го пролонгира изборот на член на Државната изборна комисија кој и следува на опозицијата бидејќи тоа го прави соучесник во непочитувањето на законот.

    Заменик координатор на пратеничката група ќе биде пратеничката Мерита Коџаџику.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img