Српскиот тенисер и прв светски рекет Новак Ѓоковиќ е поразен од Шпанецот Алехандро Давидович-Фокина (46. на АТП листата) во мечот од второто коло на турнирот од серијата Мастерс во Монте Карло (Монако).
Средбата траеше 2 часа и 56 минути и заврши со резултат 3:6, 7:6 (7:5) и 1:6.
Шпанскиот тенисер го одигра својот 14-ти натпревар со противници од топ-10 и ја забележа втората победа. Првата беше исто така во Монте Карло, минатата година против Матео Беретини.
Давидович-Фокина во осминафиналето на турнирот ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Дејвид Гофин од Белгија и Даниел Еванс од Велика Британија.
Наградниот фонд на Мастерс турнирот во Монте Карло изнесува 5,4 милиони евра.