More

    Седум знаци дека ви недостасува витамин Ц

    spot_img

    Ако во последно време се чувствувате слабо и летаргично, тоа може да биде знак дека имате недостаток на витамин Ц.

    Токму затоа што витаминот Ц игра клучна улога во производството на енергија на телото, неочекуваниот замор е еден од првите показатели дека е време да се посегне по бројни намирници кои се богати со овој витамин.

    Освен замор, проверете дали има и други симптоми на недостаток на витамин Ц.

    Чести воспаленија
    Витаминот Ц е познат по своите својства за зајакнување на имунитетот. Доколку имате чести настинки, тоа може да биде знак дека ви недостасува витамин Ц, пишува indiatimes.com.

    Бавно зараснување на раните
    Витаминот Ц е неопходен за синтеза на колаген – протеин клучен за зараснување на раните. Ако сте забележале дека е потребно подолго време од вообичаено за заздравување на исекотини и модринки, ова може да биде знак за недостаток на витамин Ц.

    Болка во мускулите и зглобовите
    Витаминот Ц исто така игра улога во одржувањето на здрави сврзни ткива, вклучувајќи ги зглобовите и мускулите. Недостатокот на овој витамин може да доведе до болка и непријатност во овие области.

    Сува и оштетена кожа
    Како антиоксиданс, витаминот Ц помага да се заштити кожата од оксидативен стрес. Ако вашата кожа е сува, оштетена и склона кон модринки, ова може да биде знак за недостаток на витамин Ц.

    Отечени и крвави непца
    Недостатокот на витамин Ц може да доведе до скорбут, состојба која се карактеризира со отечени и крвави непца. Доколку забележите такви симптоми, можно е да се работи за недостаток на витамин Ц, но задолжително посетете стоматолог.

    Промена на расположението и раздразливост
    Витаминот Ц е вклучен во производството на невротрансмитери како што е серотонин, кој влијае на расположението. Недостатокот на серотонин може да влијае на промените во расположението, раздразливоста, па дури и депресијата.

    Како да го зголемите внесот на витамин Ц
    Вклучете цитрусно овошје, како што се портокали, лимони и грејпфрут, во вашата исхрана и јадете разнобоен зеленчук како што се пиперките, кељот и магдоносот.

    Во консултација со вашиот лекар, размислете за земање додатоци на витамин Ц.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img