40 работници останаа затрупани под урнатинити во тунелот во изградба што се урна вчера во Индија. Во несреќата се уранати околу 200 метри од тунелот кој е дел од големиот проект за автопат на Хималаите. Несреќата се случи на делницата кај градот Утаркаши.
Од вчера траат спасувачките напори за извлекување на луѓето кои се затрупани од тони земја во рудникот, а се проценува дека во тунелот останал многу малку кислород и дека работниците имаат мало снабдување со вода.
Според информациите од спасувачките екипи, сите 40 работници што останале затрупани при уривањето на тунелот се живи.
На работниците им се доставува кислород низ отворите на урнатините. Се проценува дека на спасувачите ќе им треба уште еден цел ден за да ги откопаат затрупаните луѓе.
Околу 40 мажи работеле во тунелот кај градот Утаркаши, кога дел од преминот што води до влезот попуштил и се урнал, соопштија властите.
– Во контакт сме со луѓето што се внатре. Сите се добро и ние комуницираме со нив. Сите работиме напорно за да ги извадиме – изјави за Си-Ен-Ен, началникот на полицијата на Утаркаши, Арпан Јадуванши.