Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ во саботата го одржа вториот по ред концерт во Ниш, салата била преполна, а пред самиот крај се случила и еден немил настан.
Две момчиња на крајот од концертот се „закачиле“, а по вербалниот конфликт следела физичка пресметка во која учествувале неколкумина од нив.
Обезбедувањето и полицијата веднаш реагирале и ги избркале, а на излезот биле приведени.
Александра Пријовиќ концертот го одржала нормално, до крај, без никаков прекин.