Ни недостига сеопфатен скрининг за рак, но и поголеми финансии за ретките болести

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Македонија недостига сеопфатен и проактивен пристап за скрининг за рак и тука финансирањето е недоволно. Со притисок од јавноста, се зголеми финансирањето за ретки болести, но, не доволно, за да ги покрие трошоците за медицински третман на сите регистрирани пациенти. Нема напредок кога станува збор за контролата на тутунот. Пушењето на јавни места би требало да биде казнето според законите на ЕУ, но, во оваа држава, не е целосно спроведено.

Ова се истакнува во најновиот извештај на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Македонија во Поглавјето 28 Заштита на потрошувачите и здравјето.

„Во сила остануваат останатите препораки. Беше направена првата трансплантација на црн дроб во земјата. Остануваат да се решат многу предизвици во областа на јавното здравство, особено може да се подобрат контролата на тутунот и достапноста, опсегот на услугите, географската дистрибуција и финансирањето на примарната здравствена заштита и на скринингот за рак. Усогласувањето со здравственото законодавство на ЕУ останува нецелосно“, се наведува во извештајот.

ЕК препорачува следната година да се усвои и имплементира следната тригодишна стратегија за заштита на потрошувачите и зајакнување на капацитетот за надзор на пазарот, да се интензивираат напорите за контрола на тутунот преку ефективно спроведување на релевантното законодавство на ЕУ и и ратификување на Протоколот за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи, како и да се обезбеди соодветно финансирање и капацитет за да се обезбеди рано откривање на рак и ретки болести врз основа на податоци од регистрите.

Комисијата нотира дека продолжува да расте бројот на трансплантации, вклучувајќи ја и првата трансплантација на црн дроб во државата и забележува напредок и во областите крв, ткива, клетки и органи.

Кога станува збор за јавното здравство, се спомнува оти обновена беше платформата „е-здравство“, а излезе и нова мобилна апликација „Мое здравје“.

Се нагласува дека соодносот на доктори и медицински сестри на 100.000 жители продолжува да биде под просекот на ЕУ. Медицински персонал, сестри и специјалисти продолжуваат да го напуштаат јавното здравство за да работат или во приватниот сектор или во странство.

Трошоците за здравствена заштита од сопствениот џеб остануваат високи, 38 проценти, што претставува бариера за еднаков пристап до здравството.

Кога станува збор за ковид-19, неколку превентивни мерки сѐ уште се на сила.

- Advertisement -
Ad image

ЕК нотира дека имало обиди да се зголеми свеста во училиштата за штетата од злоупотребата на дроги и алкохол, но нема напредок.

Имало обиди за борба против здравствени нееднаквости, особено за луѓето кои живеат во сиромаштија и оние кои живеат во подалечни места, но, тие биле предводени од меѓународни организации и невладиниот сектор, наместо од здравствените власти, нагласува ЕУ.

Националната стратегија за превенција на корупција ги идентификувала здравствениот сектор и инспекторатите како ранливи на корупција, особено бидејќи нема ефективни критериуми за утврдување на цените на здравствените услуги или за лековите. Процедурите за третман во странство, како што се наведува, се нетранспарентни и необјективни. Најголем дел од антикорупциските стратегиски активности во областа на здравството, не биле спроведени.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article