Фудбалерот на Егнатија, Рафаел Двамена почина од срцев удар за време на натпревар во албанското првенство.Tој беше играч од Гана кој имаше 28 години.
Двамена колабирал на теренот во 23. минута од мечот меѓу Егнатија и Партизани. Веднаш бил префрлен во болница, но лекарите не го спасиле неговиот живот.
Двамена настапувал во австриските екипи Лиферинг, Австрија Лустенау како и Цирих од Швајцарија, потоа се преселил во Шпанија каде настапувал за Леванте и Сарагоса. Таму во 2019 година му констатирале проблеми со срцето и му препорачале веднаш да се пензионира, но тој продолжил да игра.
Во во 2021 година повторно колабриал и паузирал една година.