Срамота е што западните земји, кои секогаш се залагаат за човекови права и слободи, молчат за масакрот во Палестина, изјави претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган на Самитот во Ријад.
– Од витално значење е да се достави гориво до местата на кои итно им е потребно, особено болниците во Газа – рече Ердоган.
Тој посочи дека во рамките на Организацијата за исламска соработка треба да се формира фонд за обнова на Газа.
Ердоган истакна дека напорите за нормализирање на односите во регионот се осудени на пропаст се додека палестинското прашање се игнорира.
– Подготвени сме да ги направиме потребните напори, меѓу другото, како гарант за да го зачуваме мирот што ќе биде воспоставен – рече Ердоган.
Според него, израелската администрација, која се однесува како разгалено дете на Западот, е должна да ја надомести штетата што ја предизвикала.
– Она што ни треба во Газа не се паузи од неколку часа, потребен ни е траен прекин на огнот – рече Ердоган.
Тој додаде дека треба да се свика меѓународна мировна конференција за да се најде трајно решение.