Стојаноски: Со злоупотреба на ЕУ знаменце, владата до нова година ќе ја задолжи државата за нови 500 милиони евра
Власта повторно го злоупотребува европското знаменце. Овојпат за да ја задолжи државата за нови 190 милиони евра, тврди пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
Според него, претседателот на собранието Талат Џафери одлучил како матично тело за разгледување на овие закони за задолжување да ја назначи контроверзната Комисија за европски прашања, наместо законите да одат на комисијата за финансирање и буџет, со што повторно ги погазил препораките на европската комисија за употреба на „европското знаменце“
-Имено, во изминатава недела до пратениците се доставија два закони за задолжување со европско знаменце.Актуелни се два заеми, од кои првиот директно е во износ од 100 милиони евра и другиот од 90 милиони евра.До крајот на 2023 година освен овие два кредита, до Собранието ќе стигант уште задолжувања со што државата ќе се задолжи за 500 милиони евра со што јавниот долг ќе биде 8,5 милијарди евра – рече Стојаноски.
Тој ги повика претседателот на собранието Џефери и премиерот Димитар ковачевски да ги почитуват препораките на ЕК и да ја променат одлуката за носење на законите во кратка постапка.
-Ковачевски мора да го прочита Извештајот на Европската комисија за Македонија за 2023 година и да ги послуша препораките и веднаш да ја промени својата контроверзна одлука и законите да ги пушти во редовната процедура бидејќи задолжувањето на државата нема никаква врска со усогласувањето со ЕУ регулативата – рече Стојановски.
Според него, оваа година власта за да ја покрие буџетската дупка го воведе солидарниот арач и од успешните фирми, го покачи ДДВ на електричната енергија на 18% во услови на најголема инфлација, а истотака го покачи ДДВ и за илјадници прехранбени производи.
-Само за потсетување, 7 години власт на СДСМ резултира со покачување на јавниот долг од 4,7 на 8,5 милијарди евра, а притоа ништо не се изгради – рече тој.