Пендаровски се огласи за судскиот процес против новинарите на ИРЛ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Како држава која се определила за членство во Европската унија и споделување на европските вредности за демократија, транспарентност и одговорност, потребно е да ги почитуваме и спроведуваме меѓународните стандарди за медиумски слободи, е ставот на претседателот Стево Пендаровски за случувањата во судскиот процес со кој се опфатени новинарите на ИРЛ.

Пендаровски смета дека не смее да има етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање на новинари и медиуми како во минатото бидејќи таквите процеси не доведоа до демократски развој.

– Слободата на медиумите е директно поврзана со степенот на демократијата во едно општество и со заштитата на јавниот интерес и оти новинарството е слободна професија и како таква е потребно да подлежи на принципот на саморегулација од страна на медиумските тела и организации- вели Пендаровски.

Тој додава дека јавноста има право да биде навремено и точно информирана за сите важни прашања во едно општество кои се однесуваат на јавниот интерес.

-Граѓаните, исто така, имаат право да очекуваат судиите кога пресудуваат да ја почитуваат слободата на изразување, правото на граѓаните да бидат информирани за теми од јавен интерес и да му дадат приоритет на јавниот интерес наспроти поединечниот интерес особено кога се работи за прашања кои го засегаат големото мнозинство од општеството.  Во таков случај во јавен интерес е јавноста да биде запознаена со релевантни факти од значење за тие прашања – вели претседателот..

Тој потсетува дека  етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање на новинари и медиуми имаше и во минатото и сведоци сме дека таквите процеси не доведоа до демократски развој.

-Како држава која се определила за членство во ЕУ и споделување на европските вредности за демократија, транспарентност и одговорност, потребно е да ги почитуваме и спроведуваме меѓународните стандарди за медиумски слободи – наведува претседателот Стево Пендаровски.

Share This Article