Вељаноски тврди дека претходно никому на ум не му паднало да го злоупотреби „европското знаменце“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешен претседател на Собранието Трајко Вељаноски оценува дека собранието го доби најлошиот и најнегативниот извештај од Европската унија.

Тој потсетува дека во времето до 2017 година никому не му паднало на памет да го злоупотреби „европското знаменце“ при носење на закони.

– За време на „режимот“ до 2017 година законите со европско знаменце беа закони со кореспондентни табели и никогаш Комисијата за европски прашања не беше матично тело, туку заинтересирано тело и даваше само мислење. Никому му нема паднато на ум, а камо ли да се дрзне и да го злоупотреби европското знаменце, да го девалвира и да го прави предмет на потсмев. Извештаите од независните регулаторни тела беа разгледувани на пленарна седница веднаш откако ќе беа добиени и беа изгласувани со соодветни заклучоци. Законите предложени од опозицијата беа разгледувани на пленарна седница, во деловничкиот рок, најдоцна до месец дена. Информации предложени од опозицијата беа ставани на Дневен ред, дискутирани и разгледувани на секоја втора седница. На редовната понеделничка координација се договараше неделен распоред за пленарни седници и комисии, како придобивка од Вестминстер проектот – потсетува Вељаноски.

Тој додава дека извештаите на ЕУ за напредокот биле дочекувани со најголема сериозност, разгледувани на пленарна седница и со консензус изгласани заклучоци предложени од Националниот Совет.

Вељаноски тврди дека злоупотребата на закони со европско знаменце е измислица на оваа власт.

– Злоупотребата на европското знаменце започна од почетокот на 2018 година со вонделовничко донесување на Законот за употреба на јазиците. По што на секој проблематичен закон му лепеа европско знаменце и Комисијата за европски прашања противуставно ја направија втор законодавен дом. Извештаите на независните регулаторни тела или воопшто не се разгледуваат или се ставаат а разгледување после две години кога истите се беспредметни за расправа.

Закони предложени од опозицијата (колку и да беа) воопшто не се разгледани, вонделовнички стојат ’замрзнати‘ во собранискиот фрижидер. Колку интерпелации доживеаја прекршување на деловничките рокови и процедури!? Информации предложени од опозиција (колку и да беа) воопшто не се разгледувани. Нема никаков договор на понеделничката координација. Извештајот на ЕУ за напредок на РМ или не е разгледуван или со година дена задоцнување и без усогласени заклучоци од Националниот Совет – вели поранешниот претседател на собранието.

Ваквата состојба во собранието, заклучува Вељаноски резултираше со историски најлошиот, најнегативниот извештај на ЕУ за напредокот на Република Македонија.

Share This Article