На Попова Шапка за еден ден наврнаа 14 литри дожд на квадратен метар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во изминатите 24 часа најмногу дожд – 14 литри на квадратен метар наврна на Попова Шапка,  10 литри  во Тетово и Маврови Анови, 8 во Крушево, 5 во Берово и Лазарополе,  4 во Охрид, 3 во Претор и Виница, 2 во Крива Паланка, Прилеп, Гевгелија и Дебар, 1 литар наврна  во Скопје Зајчев Рид, Битола, Куманово, Струмица, Велес, покажуават мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На планините на северозапад над околу 2000 метри надморска височина врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа со брзина над 70 километри на час). Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.

Share This Article