More

    Синдикатот на „Еуроникел“ ќе блокира улици, ако премиерот и банката најголем доверител не најдат решение за работа на компанијата

    spot_img

    Синдикатот на „Еуроникел Индустри“ најавува протести, блокади на патишта и институции, ако државните институции и банката најголем доверител во компанијата на преземат ништо за средување на неизвесната состојба и овозможат натамошно функционирање на компанијата.

    Од синдикатот кој застапува 800 работници, преку соопштение информираа дека бараат средба со премиерот Димитар Ковачевски и одговорните министри во владата како и со претставници на банката најголем доверител во компанијата и градоначалникот на Кавадарци.

    „Ние како синдикален одбор итно бараме прием и средба со премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши, со цел да се побара поддршка за изнаоѓање на решение за нашата компанија во која сме вработени и нејзино понатамошно функционирање. Бараме средба и со претставници на најголемата банка-доверител за помош да се пронајдат евентуални нови инвеститори, кои би ја преземале компанијата и би го овозможиле нејзиното работење, како и состанок со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и пратениците кои доаѓаат од оваа општина“, се вели во соопштението.

    Синдикатот најавува протести доколку нема интерес на државата за решавање на сстојбата во оваа компанија.

    „Доколку не наидеме на разбирање и прием од наведените институции ние како СО на „Еуроникел Индустри“ заедно со нашите вработени, ќе бидеме принудени да преземеме непопуларни мерки како протести и разни блокади на институции и патишта, а се со цел да се избориме за функционирање на компанијата и обезбедување на нашата егзистенција“, се наведува во соопштението

    Синдикатот на „Еуроникел Индустри“ претходно со допис до директорот Димитрис Пасос и бордот на ГСОЛ, бара продолжување на производството во фабриката во Кавадарци. Печката само се грее, но не произведува, а струја нема кој да набави. Вработените стравуваат за судбината на колективот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img