More

    Израел обвинет дека ја гранатирал Ал Шифа, се појавија снимки

    spot_img

    Властите во Газа го обвинија Израел дека гранатира болници, а за една од нив, излегоа потресни и вознемирувачки видеа на социјалните мрежи. Се работи за болницата Ал Шифа, за која Израел вели дека Хамас ја користи како прибежиште да се сокрие во тунели под објектот. Израелските одбранбени сили објавија мапи на наводниот план, кој Хамас, од своја страна, го демантираше.

    Додека луѓето на социјалните мрежи ги коментираат стравичните слики израелската армија објавува слики за кои тврди дека ги покажуваат можните скривалишта на војниците на Хамас под и околу болницата.

    Се појавија видеа за кои се тврди дека се од болницата.

    „Неизбежно е војната да се прошири“
    Во меѓувреме, иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан на шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал Тани од Катар му рекол дека „проширувањето на опсегот на војната е неизбежно“ а дека тоа е поради „проширувањето на интензитетот на војната против цивилното население во Газа“. Ова беше напишано во медиум во Иран.

    Израел одговори на нападот на Сирија
    Израелската армија соопшти дека организација во Сирија испратила беспилотно летало кое летало кон училиште во јужниот израелски град Елиат, а Израел возвратил. Армијата не соопшти која организација во Сирија го испратила дронот. Извештајот не открива дали има поведени.

    Хутите истрелале нови ракети
    Движењето на Хутите од Јемен соопшти дека во четвртокот истрелало неколку ракети врз цели во Израел, вклучително и цели во Елиаат. Градот излегува на Црвеното Море. Израелската армија обзнани дека пресретнала ракети во близина на морето со воздушниот систем „Ароу“, односно неговиот одбранбен дел „Патриот“.

    Прва штета предизвикана во јужен Израел
    Даниел Мулер, аналитичар во британската фирма за поморска безбедност Амбри, рече дека нападот со беспилотно летало во четвртокот е „прв во градот Еилат за кој е потврдено дека предизвикал штета“ од почетокот на конфликтот на 7 октомври.

    Истовремено, Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги нападнаа поморските упоришта на Хамас, според нивниот утрински извештај.

    Ердоган е спремен да прими Палестинци
    Турскиот претседател Ердоган рече дека неговата земја е подготвена да прими повредени Палестинци од Газа, бидејќи тамошните болници известуваат дека се преоптоварени. Тој вели дека би сакал да види 500 камиони со хуманитарна помош да минуваат преку преминот Рафах дневно.

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел не сака да ја окупира Газа, но потребни се „убедувачки сили“. Тој додаде дека во Газа ќе треба да се формира цивилна влада, но дека Израел ќе се погрижи напад како оној на 7 октомври да не се повтори.

    Обединетите Нации го нарекоа „циничен и суров“ прекинот на огнот од само четири часа дневно кој го договори Израел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img