Методија Димовски е назначен за нов генерален секретар на Владата, објави ТВ21.
Димовски е назначен на денешната седница на Владата, откако досегашниот генерален секретар Мухамед Зеќири си поднесе оставка минатата недела, откако Јавното Обвинителство за организиран криминал донесе наредба за спроведување истражна постапка против него за злоупотреба на службената положба и овластување.
Методија Димовски беше член на Инспекцискиот совет од областа на животната средина и заштита на здравје на луѓето.