Цените на горивата во Србија повторно пониски.
Од денеска до 15 часот, дизелот на пумпите во Србија ќе чини најмногу 207 динари, а цената на литар бензин Еуропремиум БМБ ќе биде 180 динари.
Споредено со минатата недела, дизелот поевтинува за дополнителни 3 динари, а бензините за 2 динари, пренесува Блиц.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта порасна на 75.870 долари за барел, како и цената на нафтата од типот „брент“ на 80.196 долари. Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 45.500 евра за мегават-час.